По снегот се враќа и студот - какво време не чека до крајот на јануари

По врнежите од снег кон крајот на неделата повторно се враќаат и ниските температури.  Добра вест е што нема да одат толку длабоко под нулата како претходната недела, но сепак, ќе се будиме на минус 10, а во текот на денот живата во термометарот нема да отиде над 0 степени. Најстудено ќе биде во петок и сабота кога ќе имаме максимални температури од минус 3 степени а минималните ќе одат и до 12 под нула.
Така ќе биде се до средината на идната недела. Потоа ќе имаме покачување на температурите. Дневните ќе достигнат и до 5 степени, а минималните ќе одат до минус 3.
Некои посериозни врнежи од снег не се очекуваат.

 

 
 
16.01.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега