УХМР со вонредна временска: Подгответе се за обилни врнежи од снег

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови од земјава.

 Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег.

 Температурата во овие денови ќе биде без поголеми промени и ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

 Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

 
 
16.01.2017 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега