АМСМ со важна вест: Коловозите влажни, на Деве Баир се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Буково, Ресен, Ѓавато, Битола, Прилеп, Плетвар, Гевгелија, Удово, Демир Капија, Неготтино, Велес и Кула.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир каде има задржување од 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 
 
16.01.2017 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега