Ќе паѓа снег со денови - Македонија во бело

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен источен ветер. 

Дневните темпeратури од минус шест до четири степени. Во Скопје облачно со темпартура до еден степен.

Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

 
 
16.01.2017 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа