ФОТО: Вака Грчев го замислувал Скопје
Оргиналниот план на Мал ринг ж направен од Грчев, Коробар Влатко и Јасмина Силјаноска, усвоен токму од Грчев. Во тој период во 1997 година најпрво следуваше конкурс каде што учествуваа повеке урбанисти со свој предлог како да изгледа Малиот ринг и кои содржини да ги има.
На тој конкурс победија Грчев, Коробар и Силјаноска, а овој цртеж е од конкурсниот материјал. Потоа следуваше изработка на план каде што се преслика истиот овој цртеж, кој е и официјален документ.
Овој цртеж покажува дека Грчев и мнозинството на СДСМ во Општина Центар тогаш гласале план каде се предвидува градба на многу повеќе објекти од тие што сега се градат. Грчев, кој сега ги критикува објектите од Скопје 2014, самиот, како што се гледа од цртежот предвидел изградба на два нови моста, проширување на стоковната куќа „Мост“, плоштад со многу повеќе објекти и заобиколување со нови објекти на црквата „Свети Димитрија“, објекти на денешниот Музеј на ВМРО, Стариот театар, Зграда на МНР која речиси се спојува со денешното МНТ.
Со цртежот се предвидува многу повеќе објекти на местото на Македонската филхармонија, објекти кај денешен хотел „Јадран“, три нови згради на самиот плоштад, изградба на објект на локацијата каде сега се гради црквата „Св. Елена и Константин“, изградба на објект кај старата зграда на МНР и многу други.
Сите овие објекти ги обмислил и вцртал токму Грчев, а денес кога доаѓа до реализација на објекти од „Скопје 2014“, тој жестоко ги критикува.