ВИДЕО: Путин без обезбедување се прошета по улиците на Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин приреди необична глетка во Санкт Петербург кога одби да влезе во својата лимузина за пешки да се прошета по улиците.

Снимката која ја пренесе Ројтерс покажува како Путин сосема сам шета по улица, без обезбедување, далеку од камерите и јавноста.

Инаку, тој дојде да присуствува на погребот на својот тренер, па по погребот решил да си ги одмори мислите сосема сам.

12:58

најчитано сега