АМСМ информира: Овие патишта се блокирани

Од 21:05 сообраќајот на патниот правец А3 Ресен- Битола кај н. Баир е блокиран, соопшти АМСМ.

Собраќајот на патниот правец Р1105  Валандово – Фурка – Дојран е нормализиран. 

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

 
 
13.01.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега