Иванов им ја честиташе победата на македонските ракометари: Горд сум на вас!

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечерва ја честиташе победата на македонската ракометна репрезентација, над репрезентацијата на Тунис, на натпреварот во рамките на Светсткото првенство во Франција, соопштија од неговиот Кабинет.

- Честито победа! Горд сум на вас како што е горда и цела Македонија. Честитки до целата екипа и до селекторот. Ви посакувам уште многу победи. Напред за Македонија!“, се вели во упатената честитка од претседателот Иванов до македонските репрезентативци. 

 
 
12.01.2017 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега