СИТЕЛ: Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал

Вевчанскиот карневал е подготвен за своето ново издание .10 илјади туристи се очекуваат да присуствуваат на уличниот театар без режија на кој со сатира и хумор се одбележуваат сите значајни настани..Во Вевчани сместувачките капацитети се исполнети веќе има гости од Лондон,Нигерија,Србија и Бугарија а се очекуваат голем број и од земјава.Утре  точно во 14 часот започнува карневалското дефиле каде покрај традиционалните маски Зетот и невестата двата ѓавола и двајцата глупи августи ќе продефилираат и останатите уникатни  маски инспирирани од политичките и секојдневните случувања изминатата година.

Забавниот дел стартува вечерва со настап на домашните групи ДНК и Нокаут, а пред полноќ ќе се претстават и популарните ,,Фрајле’’ а утре  во 21 часот присутните ќе ги забавува фолк пејачката Анета Наковска, додека Православната нова година ќе биде пречекана со настапот на Ефто Пупиноски, кој што по потекло е од Вевчани.

Инаку Вевчанскиот карневал е спој на паганството и христијанството и има традиција од над 1.400 години. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот календар. 

 
 
12.01.2017 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега