ФОТО: Загина жена во страшна сообраќајка крај Дубровник
41 годишна жена почина во страшна сообраќајна несреќа која утрово околу 5:30 часот се случила во близина на Дубровник. Во несреќата учествувале две возила марка Ауди со германски и швајцарски регистерски таблички. Сообраќајката се случила кога едно од возилата од се уште неутврдени причини прешло во спротивната насока по што настанал директен судир.
Сообраќајот бил целосно затворен се до 9 часот утрово, кога повторно е нормализиран