ФОТО: Премиерот уловен како џогира за време на годишниот одмор
Хрватските фоторепортери го уловиле хрватскиот премиер Зоран Милановиќ како џогира за време на годишниот одмор во Хвар. За македонските политчари, тешко е да дознаете каде летуваат, а не па информации за тоа како го поминуваат годишниот одмор. Но кога станува збор за спортување, скопскиот градоначалник на пример, Коце Трајановски може да се пофали со една легендарна насловна на Вест, каде тој во гаќички за капење трча на плажа.
Спортува и премиерот Никола Груевски но во Скопје. Пред некоја година, камерите го уловија на кејот на Вардар, додека возеше велосипед. На велосипед имавме можност да го видиме и лидерот на опозицијата, Зоран Заев.