Спасени 12 лица меѓу кои и деца од едрилица од морето покрај Исланд

Дванаесет Германци, од кои седуммина деца, се спасени во текот на ноќта во морето кај Исланд, откако вода влегла во нивната едрилица што подоцна потонала, соопшти денеска крајбрежната стража.

-Никој не е повреден, рече претставник на спасувачите.

- Се се случи толку брзо да луѓето, се чини, имале само толку време да се извлечат од кревет и да излезат на палубата, изјави Одур Халдорсон, капетан на спасувачкиот брод.

Спасениот екипаж е префрлен во Сандгерди, мало рибарско место во југозападниот дел на Исланд, каде ги пречекала полиција и персоналот на германската амбасада. 

16:00

најчитано сега