Русин измамил банка а сега бара оштета од повеќе од 900.000 долари

Русинот Дмитриј Агарков од Вороњеж ја надмудри банката служејќи се со банкарски методи, така што ги сменил ситните букви од договорот за користење на кредитна картичка и си го намалил долгот, а сега бара и отштета од повеќе од 900.000 долари.

Во измените тој дефинирал камата од нула отсто без надомест и додал дека купувачот не е должен да ги плати надоместот и трошоците предвидени со правилникот на банката. Изменетиот и потпишан договор го испратил во банка, кој бил потпишан и од страна на „Тинкоф кредит системс“ и му била испратена картичка. Две години подоцна банката одлучила да му ја откаже картичката поради долг од околу 1.360 долари.

Но, Агарков одлучи да ја тужи банката бараќи отштета од 727.000 долари поради непридржување на одредбите и договорот и уште 182.000 долари поради едностраното раскинување на договор.

Рочиштето ќе биде во септември.

ФОТО: Кумановоњуз

15:41