Сноуден има право да работи и патува во Русија

Пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка агенција ЦИА, Едвард Сноуден, во правна смисла е слободен да патува ширум Русија и да се занимабава со која било  работа, освен државна служба, рече денеска Олег Молодијевски, висок руски функционер за миграции.

- Во согласнсотс со законот тој има право на слободно движење по територијата на Русија и има право на работа, освен, секако, во државна служба, рече Молодијевски, директор на федералната служба за миграции на московскиот регион, која на Сноуден му го издаде документот за привремен азил. 

Директорот на миграциската служба во Москва, Олга Кирилова, изјави дека нејзината канцеларија нема сознанија за тоа каде Сноуден денеска се наоѓа.

- Немам таква информација. Тој не е во Москва, рече Кирилова.

15:18