Анкета: Белите Американци не се дружат со припадници на други раси

 

Четириесет отсто белци во САД и 25 останати се дружат само со припадници на својата раса, покажа истражувањето на Ројтерс и Ипсос.

Овие податоци покажуваат колку американското општество и натаму е поделено, констатира британска агенција, пренесува Танјуг.

Најмногу пријатели и познаниници меѓу другите раси имаат припадниците на латиноамериканската популацијата, од кои само десет одсто се дружат само со латино пријатели.

Половина од латиномаериканците имаат партнер или брачен другар кој не е од нивната раса, додека кај црнците и белците има околу десет отсто такви.

Кога станува збор за колеги од работа, околу 30 отсто Американци не се мешаат со останатите раси.

Како група, пацифичките држави, вклучувајќи ја и Калифорнија, најбројната меѓу нив, поразлични се кога станува збор за љубовните и пријателски врски. Наспроти нив, југот бележи најнизок процент на луѓе кои имаат познаниници во другите раси.

- Оваа земја има долга историја на ограничувања на меѓурасните контакти и кај црнците и кај белците - подеднакво, па ехото на минатото се уште е присутно, вели Ен Морнинг, професор по социологија на Њујоршкиот универзитет.

Според неа, Американците од латино и азиско потекло традиционално имаат помалку стриктни критериуми кога станува збор за мешање со другите раси.

Американскиот претседател Барак Обама пред две недели изрази оптимизам за иднината, изјавувајќи дека искуствата на неговите ќерки покажуваат дека младите генерации имаат помалку „проблеми“ со расните прашања.

-Тоа не значи дека сме пост-расно општество. Тоа не значи дека расизмот е елиминиран. Но... тие (денешните генерации) се подобри од нас, подобри се отколку што ние бевме кога станува збор за овие прашања, рече Обама.

Се чини дека младите полнолетни Американци тоа и го потврдуваат, како што покажуваат резултатите од анкетата: околу една третина Американци помлади од 30 години имаат партнер или брачен другар од друге раса, додека таков е случајот само со 10 отсто Американци постари од 30 години.

Само еден од 10 полнолетни Американци помлади од 30 години велат дека немаат роднина, пријател или колега од друга раса, додека кај Американците во целина процентот на такви случаи е повеќе од двоен. 

15:05

најчитано сега