Сноуден ужива во луксузна вила во Москва?

Поранешниот американски шпион Едвард Сноуден живеел во луксузна вила во Москва, тврди неименуван извор за рускиот дневен весник „Аргументи и факти“. Изворот тврди дека Сноуден е сместен во луксузна населба на само 20 километри западно од Москва.

Правниот застапник на Сноуден, Анатолиј Кучерена изјави на почетокот на август, дека неговиот клиент конечно ја напуштил транзитната зона на московскиот аеродром  и дека живее со своите пријатели од Америка, но не сакаше да навлегува во детали.

Официјална потврда за тоа каде е Сноуден сеуште нема.

 

 

14:45

најчитано сега