Семејството живее во агонија: 15-годишната Барбара никаде ја нема, другарите не ја кажаа вистината

Двајца другари на 15-годишната Барбара Витез од Сента, кои последен пат се видени со неа пред нејзиното исчезнување на 25 ноември кога таа паднала од мостот и исчезна во Тиса, поминале само дел од полиграфското испитување.

По детекторот е заклучено дека тие не извршиле кривично дело, дека девојката не е силувана ниту убиена, но на некои прашања не ја кажале вистината.

Mesto odakle je navodno pala (Foto: S. Urošev)

Тие вчера се испитани на полиграф во зградата на Полициската станица во Сента во присуство на родителите. Испитувањето почнало околу пладне и траело повеќе од пет часа.

-Немало ниту силување ниту убиство, како што е наведено во анонимното писмо кое неодамна го добија родителите на Барбара. Анонимното писмо е лажно, но се уште не е познато кој е авторот. Во текот на полиграфското испитување момчињата рекле дека таа вечер биле со Барбара.

Uplašeni roditelji primili jezivo pismo (Foto: S. Urošev)

Отишле до мостот. Немало никакви лоши намери или насилство. Никој не го турнал намерно девојчето, ниту имало било каков план за тоа. Исклучени си сите облици на насилство и лоша намера, но момчињата на дел од прашањата не ја кажале целата вистина. Нешто меѓу нив таа кобна вечер сепак се случило, велат извори од полицијата.

Полицијата веднаш по исчезнувањето на Барбара сакала момчињата да ги испита на полиграф за да ги оттргне сите сомнежи. Меѓутоа еден од нив двајца завршил во болница каде се наоѓал до пред некој ден. Ова полиграфско испитување го побарала полицијата, а на тоа се согласиле и родителите на двете момчиња.

Potraga za nestalom Barbarom (Foto: S. Urošev)

Според официјалната верзија, трагедијата се случила при обид девојчето да се префрли на платформата кај речниот столб, при што таа се лизнала и паднала во река.

 
 
22.12.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега