ФОТО: Зоран Заев кум на свадба на двајца новинари - погледнете како си помина струмичкиот градоначалник
Градоначалникот на Струмица и лидер на Социјалдемократите, Зоран Заев, беше кум на свадбата на двајцата струмички новинари Тања Грошева и Сашко Попов, пишува Радио СтрумицаНет.
Тања и Сашко се вљубиле еден во друг пред 2 и пол години, по традиционалната новинарска предновогодишна средба на Заев со струмичките новинари. Минатата година пак, на предновогодишната средба, Сашко ја побарал Тања за сопруга.
Вљубениот пар работи во струмичките телевизии Вис и Интел.
ФОТО: Радио СтрумицаНет