Монструозно: Си ја убил сопругата па фотографијата ја ставил на Фејсбук

Во Америка се случил монструозен случај на убиство кога Дерек Медина ја убил својата сопруга Џенифер Алонс, а потоа фотографијата ја ставил и на социјалната мрежа Фејсбук.

Њујорк дејли њуз пренесува дека МАериканецот од Мајами постирал фотографија од сопругата и под неа напишал: - Почивај во мир Џенифер Алонсо.

Тој на пријателите како проштална порака им го оставил статусот: „Одам во затвор или на смртна казна поради убиство на сопругата. Ве сакам пријатели и ми недостигате. Чувајте се фејсбук пријатели, ќе ме видите во вестите“. Во пораката пишува и дека „сопругата го тепала и дека тоа веќе не можел да го трпи.

Убиецот сам и се предал на полицијата.

12:37