ФОТО: Слаткаристика со свој концерт во Пробиштип
Слаткаристика и ова лето се отвори пред македонската публика и не застанува со настапи по градовите низ државава. По одличниот настап во Охрид, оваа сабота тој ќе одржи свој концерт во Аква парк-Пробиштип.
Сабота, 10ти август е денот закажан за одлична забава со Слаткаристика и неговите гости- Аце НЛ од Токсикологија и Тајзи.
Аква Паркот во Пробиштип за концертот на нашиот највлијателен рап артист ќе ги отвори вратите во 21:00 часот за забава која ќе се памети!
Цена на билетите во претпродажба е 100 денари, додека на врата влезот е 150 денари.
Слаткаристика денес свој настап има во Струмица, за утре веќе загреан да Ве пречека во Аква Парк-Пробиштип. Не го пропуштајте!