ГАЛЕРИЈА: Мис Македонија 2013 - најубавите Македонки дефилираа во Струмица
Победничка на Мис Македонија во Струмица е Деспина Царева, штипјанка со 20 години. Прва придружничка е Симона Станковска, 18 години од Скопје, додека втора придружничка е пробиштипјанката Христина Тончевска.
Мис тело освои седумнаесетгодишната тетовчанка Кристина Димитријевска, мис фотографија Лорета Митрова од Гевгелија, мис публика Мартина Димитрова од Скопје, мис шарм Ана Трајковска исто така од Скопје како и мис лице Моника Кочоска.
Финалето на овој избор за мис Македонија ќе се одржи на 17-ти август во хотел „Романтик“ во Дојран. Победничката ќе ја претставува Македонија на Мис Глоуб.