Нагасаки одбележува 68 години од атомската бомба

Пред 68 години во точно 11 часот и 2 минути, беше фрлена втората атомска бомба по онаа во Хирошима, овојпат во Нагасаки, при што животот го загубија околу 70.000 лица.

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа да се потсетат на најголемата катастрофа и да им оддадат почит на загинатите.

Церемонијата ја започна јапонскиот премиер кој истакна дека Јапонија како единствена земја која преживеала ваков вид на напад треба да се посвети целосно на борбата за елиминирање на нуклеарното оружје.

Инаку, нападот на Хирошима и Нагасаки ја забрзаа капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.

 

10:52

најчитано сега