Цели 40 години татко и син се криеле во џунгла

Татко и син цели 40 години биле прогласени за исчезнати, а тие всушност се криеле во шума во Виетнам.

Се работи за 82-годишниот Хо Ван Тан кој заедно со својот син се криел цели 40 години во џунгла откако во 1973 година  бил виден последен пат како трча со синчето во преграта, за време на војната со САД.

Комуникацијата со нив е отежната, зашто таткото зборува на дијалект, а неговиот син знае само неколку зборови. 

Инаку, таткото и синот цели 40 години живееле хранејќи се со овошје и ловејќи животни.

10:43