Ердоган ги моли Турчинките да имаат најмалку по три деца

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно ги повика жените во Турција да имаат по три деца.

„Мое право како премиер е да кажам дека би било добро жените да имаат најмалку три деца", изјави Ердоган во говорот по повод завршувањето на празникот Рамазан Бајрам.

„Ако Владимир Путин може тоа да го бара во Русија, зошто Ердоган тоа да не го стори во Турција? Треба да се поддржува нацијата", додаде Ердоган во својот говор.

10:02

најчитано сега