Го сруши рекордот: Маж преживеал со 13,7 промили алкохол во крвта

Полјак од местото Алфредовка на југоистокот на Полска преживеал откако полицијата го пронашла онесвестен со дури 13,7 промили алкохол во крвта.

Пијаниот маж во бесознание лежел со главата на тротоарот, а кога патролата не успеала да го освести, бил итно пренесен во болница, каде лекарите биле изненадени бидејќи тој имал неверојатни 1,7 промили алкохол во крвта.

- Вистинско чудо е дека преживеал, изјавија лекарите од болницата во Жешова.

ФОТО: Дневник

 

09:44

најчитано сега