Петмина повредени 1.800 евакуирани - огнена стихија ја голта Калифорнија

Илјада пожарникари се вклучени во борбата со огнената стихија која се шири источно од Лос Анџелес во Калифорнија, јавуваат американски медиуми. Пет луѓе се повредени, а 1.800 се приморани да ги напуштат домовите.

Во пожарот во кој е зафатена површина од 4.000 хектари, повредени се четири пожарникари и еден цивил, соопшти пожарникарската служба од округот Риверсајд.

Во градот Бенинг, 150 км. источно од Лос Анџелес уништени се 15 објекти.

Во гаснењето на пожарот вклучени се 13 хеликоптери и шест авиони. Досега е запрено ширење на само 10 отсто од пожарот. Не е утврдена причината за пожарот. Гаснењето е отежнато поради високите температури, ниската влажност и силниот ветар, се додава во извештаите на американските медиуми.

најчитано сега