Киднапирани двајца пилоти на „Туркиш ерлајнс“

Двајца пилоти кои работеле за компанијата „Туркиш ерлајнс“, беа киднапирани рано утрово од вооружени мажи на пат од аеродромот во Бејрут, изјави министерот за внатрешни работи на Либан Маруан Шарбел.

- Операцијата на киднапирањето е извршена во три часот наутро по локално време. Од автобус, што превезувал неколку членови на екипажот на авион на „Туркиш ерлајнс“, кој патувал од аеродромот кон хотелот, вооружени мажи го киднапирале пилотот и копилотот, додаде министерот.

најчитано сега