САД сеуште стравуваат од терористички напад - евакуирани дипломатите од конзулатот во Лахор

Стејт департментот на САД нареди евакуација на речиси целокупниот дипломатски персонал од конзулатот во пакистанскиот град Лахор поради закана од терористички напад.

Евакуирани се сите дипломати, чие присуство во Лахор не е апсолутно неопходно. Тие се префрлени во Исламабад.

Американски официјален претставник истакна дека евакуацијата е наредена поради закана конкретно насочена кон конзулатот во Лахор. Според него, ова е безбедносна мерка што не е поврзана со неодамнешното затворање на околу 20 американски дипломатски претставништва во земјите од Блискиот Исток и Северна Африка.

Стејт департментот, исто така, упати предупредување до своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Пакистан.

најчитано сега