ГАЛЕРИЈА: Возачот на голфот и неговиот сопатник повредени во сообраќајката во Капиштец
Утрово поради невнимателно возење во центарот на Скопје се случи сообраќајна незгода кај зградата на поранешна Нова Македонија, кога се судриле автомобил марка „голф“ и комбе марка „мерцедес“ на фирмата Гранит, со кое се превезувале работници од истата.
Голфот бил управуван од страна на 25-годишниот М.И. а во него бил и неговиот сопатник, 22-годишниот Н.А. додека во комбето имало четворица работници на Гранит, а со него управувал 54-годишниот А.Ј. од Скопје.
Со телесни повреди се здобиле двете момчиња од голфот.
ФОТО: МИА