„Заев си игра со чувствата на граѓаните, но тие знаат да проценат и да донесат историска одлука за победа на ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници“

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за државата, за граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ 9 пати ја добива поддршката од народот и затоа ова ќе биде 10-та победа на партијата. СДСМ почнале со нова приказна бидејќи знаат дека нема да победат и ги убедуваат своите членови дека нема да биде голема разликата и дека ќе загубат со 7- 8 пратеници и дека ќе влезат со една мала коалиција во новата Влада, изјави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на големиот митинг во Битола.

-Од овде од Битола сакам да и порачам дека победата ќе биде толку голема што ќе им биде срам да погледнат, а камоли да бараат широка коалиција, тие доколку побараат широка коалиција тоа би било исто таква ситуација како досегашната каде што веќе две години го малтретираа народот. Затоа сакам да ви порачам на 11 декември секој кој што сака да заврши оваа криза и сака стабилна Влада потребно е да излезе и да даде поддршка на оваа коалиција со победа и 63 пратеници. Има уште една причина, а тоа е дека ДУИ вели дека ако ВМРО нема доволно пратеници, тогаш за да се создаде Влада услов ќе биде предлог на премиер од  ДУИ и ДПА, затоа многумина не сакаат ВМРО да добие 63 пратреници, но затоа потребно е да го добијат најмасовното референдумнско гласање за победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, истакна Груевски.

ДИК, додаде тој, пред два дена излезе со конечна бројка на гласачкиот список, а на благодарност на СДСМ тој не е фантомски, туку проширен со нови 5.000 граласачи, тоа значи дека 5.000 гласачи за разлика од 2014 година имаат право на глас.

-СДСМ во последната година цела јавност ја лажеа дека има фантомски глчасачи, дека не ги признаваат изборите, а со тоа го потценуваа сопствениот народ. Заев ветува од ракав и со тоа го потценува народот, мисли дека народот му верува, тој деновиве излезе со некоја си смешна математика дека ќе го враќа ДДВ со 500 евра, а на секој граѓанин за да му биде вратено ова ДДВ од 30.000 денари, Македонецот треба месечно да заработува од 2.000 до 2.500 евра, од тука јас би го прашал Заев кој во Македонија зема месечна плата од 2.000 евра? Тој исто така ветува фабрики и инвестиции со кои ќе ги потикнат младите иселени лица да се вратат во нашата држава. Заев не е човек што не е од власта, тој 11 години е на власт во Струмица и не донел ниту една фабрика, потенцираше Груевски.

Тој исто така потенцираше и дека Заев си игра со чувствата на граѓаните, а граѓаните знаат да проценат и да донесат историска одлука на 11 декември, со историската победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој ветува и просечна плата од 500 евра, тој очигледно не знае дека просечната плата не се одредува од ракав, туку од напредок на економијата, од ново отворените рабоитни места и ново отворените фабрики. За разлика од овие зборови од ракав на Заев во времето на СДСМ во 2006-та година просечната плата изнесуваше 11.000 денари, за разлика од денес која изнесува над 21.000 денари, вели Груевски.

 

 
 
01.12.2016 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега