Ѓорчев: Ќе се концентрираме на развојот на руралните средини

Носителот на листата за пратеници од Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска на прес конференција во Тетово најави посета на повеќе села од општина Јегуновце каде ќе ги престави мерките што се предвидени во партиската програма за рурален развој.

- Покрај поддршката од државата, која ќе покрива 60 отсто за набавка на трактори и друга земјоделска механизација, покрај тоа што државата ќе покрива и до 80 отсто за примена на системот Капка по капка и набавка на високоприносен добиток, државата сериозно ќе инвестира во руралните средини. Годишно ќе имаме по 20 милиони евра за селата во Македонија наменети за изградба или обнова на селските патишта, улиците, сокаците, плоштадите, домовите на култура како и домовите за млади луѓе низ овие населени места, така што сериозно ќе се концентрираме на руралните средини и во делот на земјоделието и во делот на развојот на локалната инфраструктура. Со руралните развојни економски зони ќе овозможиме голем број на откупни центри, голем број на стопански погони со што ќе се зголеми вработеноста, а како што ќе паѓа невработеноста и расте бројот на вработени така ќе растат и платите на оние што се веќе вработени, изјави Ѓорчев.

Во рамките на денешните активности тој ги посети селата Раотинце, Туденце, Копанце, Сараќино и Фалише, а за попладне има закажано средба со жители на Тетово. 

 
 
01.12.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа