Сакал да се пошегува па уништил статуа стара 600 години

Американски турист сакајќи да го изведе поздравот Да пукне, оштетил статуа стара 600 години.

Според пишувањето на „Кориере дела сера“, 55 годишниот од Мисисипи, го скршил прстот на статуата „Ангел гласник“ во музејот Опера дел дуомо.

- Во период на глобализација во кој живееме, луѓето лесно забораваат на едно од основните правила при посета на музеј, а тоа е да не се допираат експонатите, изјавил директорот на музејот.

ФОТО: Плусинфо

16:10

најчитано сега