Секој ден се излеваат 300 тони радиокативна вода во Тихиот океан

Од јапонската атомска централа „Фукушима“, што претрпе тешка хаварија во 2011 година, секој ден во Тихиот Океан се излеваат по околу 300 тони радоактивна вода, пренесе ДПА.

Секој ден околу 400 тони подземна вода се всмукуваат во објектите на блоковите на централата и се мешаат со радиоактивната вода што се користи за ладење на оштетените реактори, појаснува ДПА.

Во јули ТЕПКО призна дека радоактивна вода од централата се „губела“ во почвата и се излевала во морето. Од компанијата соопштија дека не знаат која е причината за протекувањето.

АЕЦ „Фукушима“ во март 2011 година претрпе оштетувања во три од шесте свои реактори откако беше зафатена од цунами.

14:40

најчитано сега