Стево Пандаровски избега од соочување со Никола Попоски

Најголемата македонска опозициона партија која отворено се залага и бара телевизиски дуели и соочувања за време на изборни кампањи, повторно одбива да седне на иста маса со претставници на владејачката партија, објави ТВ НОВА.

Носителот на изборната единица 1 на СДСМ, Стево Пендаровски не се појави на дебатата со Никола Попоски и одби да одговори на поканите кои неколкупати беа испратени страна од ТВ Нова.

sdsm-pokana

Заложбите на СДСМ за телевизиски соочувања на кои во ТВ Нова секогаш сите партии имаат можност да ги искажуваат своите ставови и аргументи на разни теми, остануваат само празни зборови со оглед на тоа дека на сите покани упатени пред воопшто да започне предизборната кампања, одбија да одговорат и столчето во отвореното студио на ТВ Нова остануваше празно.

Во отвореното студио на ТВ Нова вечерва дебатираме со носителот на изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, објави телевизијата

 
 
27.11.2016 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа