Програмата на СДСМ препишана од програмата на српската радикална десничарска партија „Двери“ (ФОТО)

Предизборната кампања и програмата на СДСМ целосно украдени од српската партија Двери, анализира Сител. Опозициската клоалиција настапува под слоганот „За подобар живот во Македонија“, соодветен на слоганот со кој настапила и радикално десничарската партија Двери во Србија на претходните избори „За живот Србије“.

naslovna2

Освен слоганот, СДСМ ја користи и иконографијата на оваа радикална партија, па на овие избори наместо си традиционалните бои сина и жолта, настапува со црвена и бела, идентично со Двери.

118f68c92aec21432fca283f02611387

Заев и неговата партија не се потрудиле ниту да ги состават неколкуте реда програма што ги делат на летоци. Она што го нуди СДСМ е исто што нуди и Двери во Србија, секако преведено.

13912756_1065080760235219_3186378311335064955_n

Со ова само се потврдуваат информациите за кои медиумите пишуваа две години дека СДСМ работи под инструкции на продавачите на скапа малга од Србија. Белградските инструктори редовно доаѓаат во Скопје, на Бихаќка, а резултатот од нивната работа го чувствуваме сите – тие се автори на кампањата на СДСМ, но истовремено учествуваа и во организирањето на немирите преку таканаречената Шарена револуција.

Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер, кои важат за контроверзни лица во Србија вплеткани во серија на корупциски скандали, на Зоран Заев му продале кампања и слоган целосно украдени од српската партија.

Двери важи за екстремно десничарска партија во која членуваат најрадикалните српски националисти. На минатите избори во Србија партијата клоалицираше со ДС и заедно освоија 5,04% од гласовите и едвај го поминаа цензусот за влез во Собранието. Пред минатите избори, останатите десничарски партии ги обвинија Двери дека примиле пари од СОРОС за да се борат против владата на Српската Напредна Партија и Александар Вулиќ.

Да се потсетиме, минатата година Република во неколку наврати пишуваше дека стратезите кои стојат зад неколку насилни политички операции на Балканот сега се главните советодавачи на Заев. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаа во штабот на СДСМ на средба со раководството. Многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ.

Naslovna168

Познатите имиња во светот на насилните кампањи, Милан Шчекиќ и Иван Бендер, наголемо беа присутни во Скопје минатата година, но и во периодот април-мај годинава кога почнаа насилните напади и пресметки со полицијата, палењата на институциите, демолирањата, грабежите под превезот на платеничката револуција. Шчекиќ и Беднер се поврзуваат со агенциите за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт) а претходно „Артс енд крафтс“, која медиумите ја врзуваа во корупцискиот скандал за извлекување на државни пари за кампањи. Шчекиќ работел и за српското министерство за Косово и Метохија, каде неговата активност многу наликува на методите кои Заев, со масовните протести и судири меѓу полицијата и српското малцинство на Косово, како и српско- косовските гранични инциденти и судири.

naslovna167-1

Иако од партијата лани негираа и се обидоа да ја скријат соработката со нив, некоординираноста во партијата ги откри картите. Координаторот на пратеничката група во Парламентот, Горан Сугаревски лани за Републикапотврди дека СДСМ соработува со пи- ар агенција од Србија,  за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно.

 
 
27.11.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега