Апсење во Нови Сад: Паднаа Македонци со дрога - пробале од прозор да фрлат кокаин

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, ги уапсиле македонските државјани, Б.О. (49) и Б.Б. (30), поради постоење основано сомение дека направиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Во моментот кога полицијата го запрела нивниот џип Мицубиши Пајеро, еден од осомничените низ прозорот фрлил најлонска кеса со повеќе од 100 грама прашок за кои има сомнение  дека е кокаин.

На осомничените им се одземени девет мобилни телефони, како и голема сума пари во различни валути, за кои се смета дека се стекнати со продажба наркотици.

Полицијата ќе ги задржи до 48 часа по одобрувањето на обвинителот, а во законски предвиодениот рок ќе бидат однесени пред судија на претходна постапка.

 
 
25.11.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега