Муслиманско семејство реновира православна црква: Нашите пријатели не се веќе тука, а оваа рушевина за нив е светост!
Пред војната во Босна и Херцеговина во селото Осредак во Цазин живееле Бошњаци и Срби. Со текот на времето сите жители од српска националност се иселиле и зад себе оставиле православна црква и гробишта кои биле во сѐ полоша состојба. Но, последните неколку години едно муслиманско семејство решило да ги реновира и обнови црквата и гробиштата.
Месуд, неговата сопруга и синови секој слободен ден го користат за обновување на црквата.
- Црквата започна да се реновира пред четири години, беше во фаза на распаѓање, да не се почнеше со реновирање веќе ќе беше падната. Прво се почна со чистење а потоа со санирање на ѕидовите кои беа целосно распукани - вели Месуд Керановиќ.
Некогаш работел како градежен работник и оттаму потекнува неговото искуство, но вели дека реновирањето на оваа црква го натерало да научи и нови работи кои претходно не ги знаел.
"Сепак тоа е нивна светост"
- Живеам овде повеќе од 40 години, моите пријатели поради војната веќе не се тука, па кога ќе дојдат овде, стоиме и зборуваме.. А зад нас стои рушевина, сепак тоа е нивна светост - додава Месуд.
Семејството Керановиќ е единственото семејство во селото кое работи на обновата на црквата, со оглед на тоа дека останатите селани не се многу воодушевени од идејата.
- На почетокот беше само физичка работа, така да беше тешко, потоа почнавме со бетонирање. Имаше многу работа - вели Самир.
- Сакавме да изгледа најдобро што може, иако работевме прв пат. Кога стигнавме при крај, се повеќе забрзувавме, бидејќи едвај чекавме да видиме како ќе изгледа- рекол Менсуд.
Покрај тоа што подготвува ручек, кога треба да се помогне работи и Фатима.
- Помагам секогаш кога има потреба од работници па често излагам во пресрет - раскажува Фатима.
Оваа идеја на муслиманското семејство да реновира православна црква парично го потпомагаат и соседите Срби кои избегале оттаму и со години живеат ширум светот.
Една од нив е и Радмила, која живее во Белград. Со семејството се вклучила во овој проект, собира парични средства од познаници и комшии кои што ги напуштиле своите домови во Осредак. Таа често е во контакт со Месуд, кој и ја известува за напредокот во работата.
Се играле заедно како деца
Секогаш сме добродојдени. Никогаш не сме имале некакви непријатности. И секој нареден пат кога ќе дојдеме, едноставно се повеќе се врзуваме. Обично остануваме два до три дена, а како ќе биде во иднина ќе видиме. Имаме за цел да ја завршиме црквата, ни останаа прозорците и вратата - вели Радмила.
Радмила засега нема план засекогаш да се врати во Осредак, но вели поради сентименталната поврзаност секогаш останува ден повеќе. Месуд сепак сака тие да се вратат.
- Би сакал сите да се вратат во своето и животот да продолжи, бидејќи она зло што беше никој не го сака, и на никого и не му донесе добро.
Вели дека сите се играле заедно како деца, без поделби. Жали што војната ги поделила, но се надева дека барем со некои ќе ја дочека староста.
Погледнете го видеото:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа