Нермин ја изневерил жената, па потоа се извинуваше на Фејсбук - набрзо му се јавија сопругата и љубовницата
Фејсбук носи и позитивни и негативни работи во човечките животи. Една од негативните работи е што на Фејсбук многу тешко можете да го сокриете приватниот живот.
Така Нермин Кујадиновиќ, Босанец кој живее во Германија ја изневерил својата сопруга, па потоа извинувањето и признанието го објавил на Фејсбук со следниве зборови:
- Јавно и се извинувам на својата жена која ја изневерив со Амина Халиловиќ и ја сакам својата жена која ми прости за тоа, стои во статусот на Нермин.
Веднаш по објавата стигнале лавина од коментари, меѓу нив и изневерената сопруга Џемиле, а брзо се огласи и љубовницата со остра порака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа