„Ауди А4“ и „Пасат“ настрадаа од заталкани куршуми во Гостивар

 Синоќа во центарот на Гостивар, во два одвоени инциденти, две возила биле оштетени од заталкани куршуми.

Од полицијата информираат дека во првиот инцидент кој се случил синоќа, било оштетено задното стакло на „Ауди А4“ кое било паркирано на улицата „Младен Симоновски“.

Од испукан проектил од огнено оружје, оштетен е и „Фолксваген-пасат“, кој сопственикот го паркирал на улицата „Мајор Чеде Филипоски“. Заталканиот куршум го пробил задното стакло.

По пријавите извршени се увиди, а полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Изминативе денови, од неовластено пукање на семејни веселби, во Гостиварско регистрирани се десетина оштетувања и едно повредување на малолетно лице.

06.08.2013 - 12:09

најчитано сега