Во Уругвај ќе биде склучен првиот хомосексуален брак

Уругвај го дозволи првиот хомосексуален брак во историјата на земјата, со што стана втора држава на јужноамериканскиот континент која ги признава истополовите бракови.

Се работи за Родриго Борда и Серхио Миранда, кои се во врска веќе 14 години. Тие ќе бидат првите Уругвајци кои ќе склучат брак, а свадбената церемонија пред општинските власти во Монтевидео ќе се одржи на 16 август.

Инаку, во Јужна Америка хомосексуалните бракови се дозволени уште само во Аргентина од 2010 година.

09:27