По Езел уапсена и Назли од "Зет домазет"

Денеска во текот на големата акција на турската полиција, освен турскиот актер Езел, односно Кенан Имирџиоглу, е уапсена и актерката позната како Назли од мегапопуларната серија кај нас Зет домазет.

Се работи за голема полициска акција на турската полиција за разбивање на криминалот со дрога, во која покрај познатите Езел и Назли се уапсени и Џемал Хунал кој македонската публика го знае како Керем од серијата „Аси“, како и Енгин Гунајдин- Ѓул ага од „Величествениот“.