ДПА ги утврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември

 Централното собрание на ДПА на денешниот состанок во Советот на општина Тетово ги утврди листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

Според оваа одлука, носител на листата во Изборната единица 1 ќе биде Идриз Орана, во Изборната единица 2 Орхан Ибраими, Сами Рушити ќе биде носител на листата во Изборната единица 3, во Изборната единица 5 носител е Сами Рушити, додека претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе биде носител на листата за пратеници во Изборната единица 6.

- Централното Собрание на ДПА како највисок орган на партијата меѓу два конгреса и согласно стаутот, ги утврди листите за пет изборни единици во државата со нивните носители, изјави портпаролот на ДПА Беким Фазлиу.

Тој посочи дека на денешниот состанок на Централното собрание немало други точки за расправа. 

 
 
30.10.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа