Костадиновски: Граѓаните ќе застанат зад оние кои знаат да ги штитат националните интереси

Во разговорите и дискусиите секаде кога се среќаваме имаме образ да застанеме пред граѓаните и да дискутираме за тоа што во она сè што сме го обезбедиле некаде сме згрешиле и можеме да поправиме во иднина.

Ова вчера по средбата со жителите на Сопот, кавадаречко го истакна Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните се за соживот со секого без оглед на верската и национална припадност, но од разбирливи и јасни причини не можат да прифатат двојазичност на цела територија на Република Македонија, не можат да прифатат предавање на националните интереси и ќе застанат зад оние кои знаат да ја водат економијата и да ги штитат националните интереси, истакна Костадиновски.

 
 
30.10.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа