Одбележување 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина

Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ денеска во Панчево ќе биде одржана Свечена академија на која обраќања ќе имаат претседателите на Македонија и на Србија Ѓорге Иванов и на Србија Томислав Николиќ.

Ивнов и Николиќ пред Управната зграда во овој град ќе засадат „Дрво на пријателството“ и ќе биде потпишан протокол за збратимување на општина Македонски Брод и месната заедница Јабука.

Потоа претставниците на двете држави ќе ја посетат изложбата на уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски и ќе биде приредена богата културно-уметничка програма.

Македонскиот претседател е во дводневна работна посета на Белград, каде оствари средби со неговиот домаќин Николиќ и со српскиот премиер Вучиќ, а учествуваше и на Македонско-српски бизнис форум.

 
 
30.10.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега