И денеска ќе уживаме во убав и сончев ден

- Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови.  Минималните температури ќе се движат од минус два до пет степени, амаксималните од 11 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минимални температури од 0 степени, а максимални од 14. 

До средината на наредната недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Ќе дува умерен северен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието. Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд

 
 
30.10.2016 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега