Трпески: Граѓаните од цела Македонија со иста порака, кризата креирана од СДСМ мора да запре

Во рамки на средбите со граѓани кои ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Трпески денеска беше во Припор, општина Кисела Вода.

Тој подвлече дека изминативе денови посетиле многу населени места низ Македонија а пораката од сите граѓани е дека мора да запре кризата предизвикана од СДСМ.

– Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ реализираше преку 3.500 проекти, затоа пред неколку дена на Дуинг бизнис извештајот од Светска банка, Република Македонија беше рангирана на десеттото место. Од град во град одејќи, Владата на РМ посветено работеше, да ги сослуша сите граѓани, да ги сослуша сите проблеми што ги имаат и за истите да се најде решение. Едно горливо прашање што со децении го чувствуваа сите граѓани во Република Македонија беше легализацијата на дивите градби. На предлог на граѓаните, тој проект и започна да се применува. Во 2011 година беа поднесени преку 360 илјади барања, а во продолжениот рок оваа година, уште нови 80 илјади барања. 440 илјади семејства во Република Македонија добија можност да си ги легализираат своите објекти, подвлече тој.

Додаде дека до сега 163 илјади семејства си ги легализираа и имаат имотен лист.

– Исто Владата овозможи приватизација на дворните места за по цена од по едно евро за метар квадратен. Преку 306 илјади семејства во Република Македонија, поднесоа барање за приватизација на дворните места и процесот е при крај. Овие два проекти и многу други проекти кои се од стратешко значење за граѓаните на Република Македонија беа реализирани. Сега во завршна фаза е подготовката на новата програма на ВМРО ДПМНЕ, програма во која што ќе има многу проекти, многу идеи, многу барања од граѓаните. Она што ВМРО ДПМНЕ ќе го вети тоа и го исполнува. На 11 декември, народот масовно ќе излезе на избори и ќе даде поддршка за 63 пратеници на ВМРО ДПМНЕ, изјави Трпески.

 

 
 
28.10.2016 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега