Ѓорѓиевски и Најденовска во Јурумлери: Ќе продолжиме со конкретни проекти и мерки за подобар живот на граѓаните

Во рамки на посетите кои ги остваруваат високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните во градовите ширум Македонија, со цел собирање на идеи кои ќе влезат во програмата за избори, денеска во Јурумлери е Олга Најденовска и Ѓорѓиевски Зоран.

-Јас како пратеничка од општина Гази Баба покрај пратеничката канцеларија која што е секојдневно отворена и граѓаните на општината имаат можност таму да ја направат средбата со пратеникот и да ги пренесат своите забелешки и идеи, ние пратениците сме на терен и тука во населените места каде што нашите сограѓани и на самото место можеме да ги слушнеме и да ја согледаме ситуацијата, вели Најденовска.

Изборите на 11 декември се многу важни, додава таа, затоа што тие ќе бидат референдумски избори каде ќе се одлучува за судбината на државата и граѓаните.

-Ова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како се носат инвестиции, што е она што е битно за нашите граѓани зошто е битно да се донесат инвестиции, бидејќи тоа е начинот да се отворат работните места, вели таа.

Ѓорѓиевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е препознатлива како партија која гради, како партија која стои позади својот даден збор, како партија која остварува.

-Ќе настапиме овде меѓу граѓаните на Јурумлери со оние предлози, програми кои кои потекнаа од самите граѓани, од нашите континуирани средби со нив, за нивните проблеми кои на локално ниво ги мачат, меѓутоа и со глобалните позитивни работи со кои партијата ВМРО ДПМНЕ досега настапуваше. Доколку ни ја дадат довербата граѓаните повторно во континуитет, на тоа полето на земјоделието и досегашните добри резултати кои ги имаме на полето на вработувањето, бидејќи невработеноста од фамозната бројка 38 проценти, ја спуштивме на 24, е добра. Ќе се трудиме таа бројка во периодот што следува после изборите, со добивањето на поддршката од граѓаните, да ја доведеме до пониско ниво, изјави Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

 
 
28.10.2016 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа