Заврши распитот на Канческа-Милевска: Ова е политички театар
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се појави на распит во Кривичниот Суд, за случајот Тендери на Специјалното Јавно Обвинителство.
Министерката пред новинарите пред Судот изјави дека сето ова е „политички театар организиран од СДСМ со поддршка од СЈО“ и дека се што имала кажала на прес-конференцијата која ја одржа веднаш по пред-конференцијата со обвинувања од СЈО.
За потсетување, министерката Милевска на прес-конференција истакна дека сите проекти во Министерството се правени според закон. Изјави дека се чисти како солза и се спроведувани на најуреден начин според законите и ги негираше сите тврдења на СЈО.
Таа пред публиката ги покажа документите и договорите кои се согласно законот и дека е објавено обвинение за предмет кој не е истражен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа