Вечерва снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Во поголемиот дел од земјава преовладуваше облачно време, а во источните и централните делови сончево со умерена облачност. Доцна попладнево слаб снег провејуваше на врвовите на планините во Западна Македонија, а врнежи од дожд имаше во Пелагонија. Дуваше слаб, а попладнево во штипскиот регион повремено умерен ветер од северен правец, кој на моменти достигнуваше брзина до 45 км/час.  

Денеска до крајот на денот, времето ќе биде Претежно облачно со умерен до засилен северен ветер, особено во горниот дел на Повардарието. Во јужните и западните делови ќе има локален дожд со слаб до умерен интензитет. И во текот на ноќта  ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремно ќе бидат со умерен интензитет.

Времето утреПроменливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег.  Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Т-мин. од 3 до 11 а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  8 до 15 степени.

Скопје Променливо облачно, студено и ветровито. Т-рите 8 /13 степени.

 

Од утре попладне следува период на претежно стабилно време со утрински температури кои на некои места ќе  се спуштат под нула

 
 
27.10.2016 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега