Георгиевски: Богоевски и Фрчковски си ги делеа парите од Кондоминас

Заев користи осудени криминалци кои по одлежувањето на затворската казна добиваат задача да го манипулираат народот, велат од ВМРО-ДПМН. Партиската реакција следи по вчерашниот настап на Слободан Богоевски на Телма, каде тој, изнел серија тврдења за кои ВМРО-ДПМНЕ вели дека се клевети и најавува соодветни тужби пред надлежните судови.

И лидерот на ВМРО-НП денеска го демантираше Богоевски. Во изјавата за Радио слободна Европа, Георгиевски кој беше претседател на Владата во која Груевски доби министерско место вели дека комплетно е неточно дека грчки бизнисмени на било каков начин влијаеле во номинацијата на Груевски за министер премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејчката партија велат дека не се изненадени и дека очекуваат и во иднина, луѓе со криминална позадина како онаа на Богоевски да играат во тимот на Заев и да прават обиди, колку што е можно да ја ублажат катастрофата што го чека СДСМ во декември.

Ианку зад Слободан Богоевски стои дебело криминално досие. На крајот од 2013 беше осуден на 2 години затвор во акцијата Агент под обвинение за перење пари, фалсификување и разни злоупотреби и малверзации со продажбата на парцелата кај Спортскиот центар Борис Трајковски. 

 

 
 
27.10.2016 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа